spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedАМС: Повик за учество во Хакатон

АМС: Повик за учество во Хакатон

Во рамки на одбележувањето на 12 август, Меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Сојузот за младинска работа (СМР), Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со цел за поддршка на решенија кои целат кон активно вклучување на младите во демократскиот живот во нивните заедници отвора

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ХАКАТОН

КОГА? – 12 август 2022,      10:00 – 18:00ч

КАДЕ? – Агенција за млади и спорт – ( Ул.Македонија бр. 38 – Палата Панко Брашнаров- Скопје )

ЦЕЛ НА ХАКАТОНОТ:

Развивање иновации* за унапредување на младинската дигитална демократија

*Под иновации се подразбираат конкретни алатки, методи, активности, пристапи и модели за работа со млади кои се:

●          Целосно нови

●          Нови комбинации од постоечките преку нивно адаптирање и додавање на нови елементи или пак нов е начинот/контекстот на нивна примена кои придонесуваат кон личниот развој на младите и нивното вклучување во демократскиот живот, како на пример:

–           Зајакнување на лични вештини и компетенции кај младите за активно учество во заедниците, особено млади со помалку можности

–           Поголемо вклучување на младите во процеси на одлучување, особено креирање на можности за унапредување на вклучувањето на млади со помалку можности

–           Зајакнување на положбата и придонесот на младите за градење на демократско, инклузивно и еднакво  општество

–           Вклучување на повеќе млади во генерирање идеи на различни нивоа на институции и во нивните заедници

–           Други цели што ќе придонесат за подобрување на младинското учество во општеството и во нивните заедници

Предложените иновативни решенија треба да бидат претставени како прототип кој може да се пилотира со поддршка на материјалните средства согласно наградите.  Истите треба да имаат потенцијал за трансферирање во друг контекст, односно да можат да бидат адаптирани и користени од други млади, организации и професионалци.

КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ НА АПЛИКАНТИ:

Повикот е отворен за сите заинтересирани тимови кои сметаат дека може да дадат креативен придонес во остварување на горенаведените цели.

Тимовите мора да бидат составени од 2 – 4 млади луѓе на возраст од 15 до 29 години. Во фазата на инкубација на иновативните решенија тимовите ќе имаат менторска поддршка од младински работници.

Вработени и членови на работните тела на Агенцијата за млади и спорт, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Националниот младински совет на Македонија и Сојузот за младинска работа не можат да се пријават на овој повик.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Сите заинтересирани тимови можат да се пријават со пополнување на формуларот на следниот линк https://forms.gle/zih7Xj5fFvFtq7dQ8   најдоцна до 20 јули 2022, 23:59ч

По техничката проверка на апликациите на тимовите ќе им бидат одредени менторите кои ќе работат со нив во периодот од 25 јули до 9 август.

Тимовите чиишто предложени иновации ги исполнуваат критериумите ќе бидат поканети на 9 август да ја доработат и презентираат својата иновација, по што стручна комисија ќе ги избере најдобрите три иновации коишто ќе бидат наградени.

НАГРАДИ:

Агенцијата за млади и спорт ќе додели награди за најдобрите три иновации за унапредување на младинската дигитална демократија во износ  од :

–           1500 ЕУР за прво место

–           1000 ЕУР за второ место

–             500 ЕУР за трето место

Наградените тимови ќе имаат обврска со доделените средства во рок од 60 дена од добивањето на средствата да креираат и тестираат прототип којшто ќе го достават како финален продукт до Агенцијата за млади и спорт.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

20.07.2022,  23:59ч.

Доколку имате прашања, Ве молиме контактирајте нè на  contact@ams.gov.mk

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...