Делегација на Општина Валандово беше во официјална посета на општина Лазаревац во Србија.
Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, изрази задоволство што беше во посета на збратимената општина Лазаревац и што делегацијата присуствуваше на свечената седница, по повод Денот на општината.
Покрај тоа, заедно со претседателот на општината Бојан Стевиќ, се одржа работен состанок и се разговараше за можностите за нови вмрежувања во различни сфери, за поврзувањето на најмалите во локалните заедници преку образовните институции и за значењето на обновената соработка.
Градиме партнерства кои носат добробит за сите, отворени сме како заедница и соработуваме со останатите. Валандово негува концепт на силни пријателства, ги почитува различните и учи од подобрите.
Извор: Општина Валандово