spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: 9-ти состанок на Меѓународната меѓувладина и научна платформа за биолошка разновидност...

МЖСПП: 9-ти состанок на Меѓународната меѓувладина и научна платформа за биолошка разновидност и екосистемски услуги (IPBES)

Во рамки на 9-тиот состанок на Меѓународната меѓувладина и научна платформа за биолошка разновидност и екосистемски услуги (IPBES), кој се одржува во Бон, Германија учествува делегација од Министерството за животна средина и просторно планирање предводена од директор на Управата за животна средина Хисен Џемаили.
На состанокот учествуваат преставници од владини институции на земји од целиот свет, меѓународни организации за животна средина и природа, донатори и невладини организации.
Целта на состанокот на IPBES-9 е да се разгледаат можностите за воспоставување на структура и усогласување на ставови за меѓународна платфома за соработка помеѓу државите во светот во врска со прашања поврзани за заштита на биолошката разновидност и екосистемските услуги на начин кој ќе овозможи нивно одржливо користење. Преставниците од МЖСПП учествуваат на пленарни седници за регионот на Источна Европа, на кои се разгледуваат две теми: проценка на биолошката разновидност во насока на одржливо користење и изградба на капацитети, размена на знаења и податоци и соработка со локалното население.
Нашата држава е членка на IPBES од април 2022 година.
#IPBES9

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...