Тупанчески: Со новиот Граѓански законик ќе се реализира најголемата реформа во сферата на граѓанското право

МинистерстваТупанчески: Со новиот Граѓански законик ќе се реализира најголемата реформа во сферата...

Најчитано

Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на првата констититутивна седница за нов Граѓански законик. Со ова, продолжува да се реализира најголемата реформа во сферата на граѓанското право, а и во правото воопшто. Со изработката на Граѓанскиот законик се очекува целокупната материја од сферата на граѓанското право да биде уредена во еден законски текст на сеопфатен и систематизиран начин, со што ќе се добие нов квалитет во регулирањето на граѓанскоправните односи и ќе се надминат правните празнини, застарените законски решенија и противречности кои што постојат во законите кои што ја регулираат оваа материја.

 

„Овој закон ќе обезбеди поголема правна сигурност и полесно остварување на правата на граѓаните. Граѓанскиот закон ќе биде составен од пет дела: Општ дел на Граѓанскиот закон, дел за стварноправните односи, дел за облигационите односи, четвртиот дел ќе биде посветен  на наследноправните односи и петтиот дел на семејноправните односи.

 

Со изработката на Граѓанскиот закон, чија прва верзија треба да биде готова за две години, Република Северна Македонија ќе се приклучи на најголемиот број европски земји кои имаат Граѓански закони. Во оваа смисла, Граѓански закони имаат најзначајните европски земји, како Германија, Франција, Италија, Шпанија, земјите од Источна Европа-Полска, Чешка, Унгарија, Романија, како и земјите во нашиот регион-Грција и Албанија, а во Србија и во Косово веќе се изготвени граѓанските закони кои треба да бидат усвоени од Парламентите на овие соседни држави“, рече во своето обраќање пред членовите на комисијата, министерот за правда никола Тупанчески.

 

Во рамките на проектот за изработка на Граѓанскиот закон, членовите на Комисијата ќе ги имаат предвид сите современи Граѓански закони, како и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, најзначајните меѓународни документи. По изработката на нацрт верзијата на Граѓанскиот закон ќе биде организирана сеопфатна јавна расправа, во која ќе учествува  научната, стручната и пошироката јавност кои треба да  дадат предлози за што поквалитетно уредување на граѓанскоправните односи опфатени со Граѓанскиот закон.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе