spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваНиколовски: Агро Советот е местото каде заедно со земјоделците и стручната јавност...

Николовски: Агро Советот е местото каде заедно со земјоделците и стручната јавност ќе ги создаваме успешните политики за развој на македонското земјоделство

Советот за земјоделство и рурален развој завчера одржа конститутивна седница, со која претседаваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Согласно Законот за земјоделство и рурален развој, за Членови на овој Совет, беа избрани претседателите на постојаните потсекторски групи, претставник од три најголеми национални здруженија на земјоделски производители, претставник на здруженија на преработувачи, претставник на стопанските комори, претставник на високообразовните институции од областа на земјоделството, претставник на здружение на потрошувачи, претставници од здруженијата на единиците на локаланта самоуправа и здруженијата за заштита на животната средина.

Министерот Љупчо Николовски изрази задоволство што по долги години пауза повторно се активира и започнува со работа Агро Советот. Во своето обраќање тој ги истакна и своите очекувања од работењето на Агро Советот.

“Пред нас, како членови на овој Агро Совет е исправен голем предизвик, како да обезбедиме храна за сите. Ова е глобален проблем и потребно е глобално решение. Нашата земја, веќе презема навремени чекори за поддршка на секој еден земјоделец, на тоа работат и другите земји, но потребен е уште поголем одговор за комплетно и полесно надминување на кризата. Токму тоа ќе биде целта на овој Агро Совет, токму тоа е она што јас го очекувам од секој еден член, здружени и посетени, заедно да ги креираме мерките за поддршка на земјоделците. Дека во оваа цел ќе успееме сум повеќе од убеден. Бидејќи заедно, во консултација со научната фела, подсекторските групи, здруженијата на земјоделци и земјоделските стопанства, го подготвивме Националниот план за производство на храна. Токму затоа и ефектот од мерките кои се дел од Националниот план е голем, бидејќи е слушнат гласот на земјоделците и така се креирани мерките“ истакна министерот Николовски во своето обраќање.

Тој пред членовите на Агро Советот ги презентираше досегашните мерки кои министерството ги има подготвено за поддршка на секој еден земјоделец во услови на криза.

“Преку Националниот план даваме поддршка за вештачко ѓубриво, даваме мотивирачка поддршка од 100 евра за зголемен принос од 1 хектар па нагоре за житни култури, подготвивме мерки за поддршка на сточарите и на живнарскиот сектор. Следуваат нови мерки со кои предвивдуваме поддршка и за есенската сеидба, а кои повтроно заедно ќе ги креираме преку подсекторските групи и Агро Советот. Со сегашниот предложен ребаланс на буџетот може слободно да се каже дека буџетот е земјоделски. Сите слободни средства се пренаменуваат во земјоделството. Обезбедуваме нови 500 милиони денари за поддршка во Интервентниот фонд и дополнителни 2,7 милиони денари за исплата на сите субвенции и расчистување со заостанатите обврски кон земјоделците“, истакна министерот Николовски.

Конститутивната седница продолжи со едногласно усвојување на Деловникот за работа на советот и  едноглсен избор на Трајан Димовски, државен советник за земјоделство и рурален развој, за секретар на Советот за земјоделство и рурален развој. На седницата беше посочено дека креирањето на земјоделските политики ќе биде заеднички процес при што секој член на Агро Советот треба да го даде својот максимум преку конструктивни и креативни предлози.

Агро Советот е местото каде заедно со земјоделците и стучната јавност ќе се разговараат и креираат мерките и политиките во интерес на земјоделците, за развиено и модерно земјоделство.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте