Четвртиот интернационален состанок од проектот EU DEFENCE – DEBATING THE FUTURE OF EUROPE AND CHALLENGING EUROSCEPTICISM се одржа во Демир Капија од 20ти до 23ти Јуни.
На овој состанок учество во работилниците зедоа претставници од Општина Демир Капија, како и претставници од јавни институции и граѓански здруженија од Португалија, Шпанија, Белгија, Италија, Словенија, Хрватска, Полска Чешка, Романија, Бугарија, Кипар, Албанија, Косово и Бразил од каде што беше ангажираната новинарка за модератор и предавач на работилниците.
На работилниците се разговраше како до решенија за справување со ширењето на лажни вести и како да се спротистават организациите и поединците, кои што се креатори на вести, со дезинформациите на интернет. Се дебатираше за потребата од постоење на потранспарентни, кредибилни, независни и разновидени дигитални медиуми во создавањето и десиминацијата на вестите.
Се разговраше за улогата на информациите и новинарството и нивната улога за време на војна.
За време на овој состанок се дебатираше и за градење и подобрувње на медиумската писменост и колку жителите на Европа се едуцирани за препознавање и постапување со лажните и нецелосни вести. Заклучоци од досегашните четири интернационални состаноци во рамките на овој проект ќе бидат донесени на завршната конференција во Брисел кон крајот на август.
Извор: Општина Демир Капија