spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Спроведена акција за расчистување на локалитетот „Острово“ во Трубарево

Гази Баба: Спроведена акција за расчистување на локалитетот „Острово“ во Трубарево

Вчера инспекциската служба на Општина Гази Баба во соработка со Јавното претпријатие „Гази Баба 2007“ и Шумарскиот факултет организираше акција за расчистување на локалитетот „Острово“ во Трубарево.

Локалитетот претставува целина составена од три дела.

  • Дендро-парк Арборетум

Арборетумот е оформен во 1953 година од страна на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Лоциран е во алувијалната рамнина на Скопската Котлина, во атарот на село Трубарево и зафаќа површина 3 хектари.

Всушност арборетумот претставува продолжение на вегетацискиот појас што го формираат локалитетите Острово од источна страна и Езерце од западна страна. Во арборетумот се засадени дрвенести и грмушести видови од нашата автохтона дендрофлора и видови од сите континенти, посебно од Европа, Азија и Северна Америка. Вкупниот број на дрвенестите и грмушестите видови во Арборетумот е околу 600 вида. Дендро-паркот служи за еколошки набљудувања, научни истражувања на Шумско опитната станица Трубарево и настава за студентите при Шумарски факултет- Скопје.

  • Локалитет Езерце

Локалитетот Езерце преку целата година е под вода при што во летниот период водата се задржува само во пониските места. Подлогата е доста влажна преку целата година и во неа се развива типична блатна вегетација со доминација на трската и рогозот. Во езерцето на површината на водата доминантна е лемната.

Во локалитетот застапени се претставници од грмушеста и дрвенеста вегетација (повремено поплавена шума). Доминантни се: бела врба, кршлива врба, бела топола, црна топола, брест, а се среќаваат: врес, јавор, бозел и багрем.

  • Локалитетот Острово

Локалитетот Острово е остаток од поранешното островче кое по природен пат го формирала реката Вардар. На терен се сочувани фосилните корита на реката покриени со хумисен слoј и обраснати со вегетација.

Во рамките на акцијата беше расчистена голема количина на отпад создадена од лица кои незаконски го користат просторот за одгледување на добиток и напасување на истиот. Локалитетот е расчистен од страна на ЈКП Гази Баба 2007 а на терен ќе има постојано присуство на инспекциските служби со цел да се спречи понатамошно деградирање на заштитеното подрачје.

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...