spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМК: И „Охридско лето“ е потврда на македонскиот идентитет како дел од...

МК: И „Охридско лето“ е потврда на македонскиот идентитет како дел од европската култура

„Со години „Охридските лета“ се отвораа или се затвораа со фанфари и со мелодијата по Прличевите болни и тешки зборови од „Илјада и седимстотини шесдесет и второ лето“. Но, и покрај „словото горко, словото жалосно“ од Цариград, ние имавме вера, имавме црква – ниту со декрет нè укинаа, ниту со декрет можеа да ни земат” – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на отворањето на шеесет и второто фестивалско издание на „Охридско лето“.

„И денеска, на шеесет и второто „Охридско лето“ да кажеме – Цариград „излеа вино и елеј“ како мелем на раните кои пред двесте и шеесет години ни ги отвори. Ние ја дочекавме убавата вест, како секогаш, исправено, ние на нозе го доживеавме повторниот благослов. Ја зачувавме својата црква, ја возобновивме Охридската архиепископија во ликот на Македонската православна црква, генерации и генерации со исконска љубов го чуваа и го зачувавме идентитетот македонски” – истакна Костадиновска-Стојчевска.

И „Охридско лето“, посочи министерката, е потврда за нашиот идентитет и потврда дека сме дел од европската култура.

„Нашиот поглед кон минатото не е за да ѝ го завртиме грбот на иднината. Не. Во нашето минато нема ништо од што би се срамеле за да мораме да го вртиме погледот од него. И нашиот јазик, и нашата музика, и нашите слики, и нашите книги, и нашите ора, и нашите куќи, и нашата кујна – сè е идентитет. И тоа што сме Македонци е идентитет, идентитет што го наследуваме, а од нас зависи дали ќе го надоградиме, ќе го носиме во срцето или само ќе го вртиме по потреба низ уста. Идентитет е и домашното воспитание. Идентитет е и љубовта кон сопствената култура и уметност” – потенцираше министерката Костадиновска-Стојчевска.

Според неа, „Охридско лето“ е врвен културен настан, достоен за светско внимание. Секое негово издание е нов хоризонт, нова далга.

„Да убедувам некого дека говорам на македонски и дека сум Македонка е исто како да ве убедувам дека вечерва сте тука, на отворањето на уште едно „Охридско лето“ – рече за крај министерката.

Шеесет и второто фестивалско издание беше отворено со грандиозен концерт на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет.

Љубителите на уметноста во следните 40 дена ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Предвидено е да настапат над 1000 уметници од 25 земји.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...