Мора да ги почитуваме црвените линии од резолуцијата, тоа е испочитуавно во делот на заклучоците, кои утре ќе бидат разговарани на пленарната седница, францускиот предлог не е совршен, меѓутоа е добра основа да се тргне чекор понатака, многу е битно да бидете на масата, а не да бидете предлог на масата, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Во врска со протестите против францускиот предлог, Костовски рече дека СДСМ поддржува протести, како највисок демократски чин да се изрази незадоволство, поинакво мислење, став на одредни политички групации, но недолично однесување, во кое беа повредени 54 униформирани полицајци, не е методот да се покаже поинакво мислење на друга политичка структура или револт, ниту пак изрежирано сценарио кога Мицкоски велеше дека некој вперил пиштол во него.
Дали е продуцирано или дали е поткрепено од определени центри на моќ, пред се мислиме на Русија, тоа е покажано и со иконографија на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, а лидерот на политичката партија Левица, колегата Апасиев од Собрание многу пати ни дава примери дека има и други алтернативи, дека ЕУ не е алтернатива, со неговото однесување и неговите политички ставови многу пати до сега има покажано дека е за анти НАТО и анти ЕУ перспективи на нашата држава, рече Костовски, додавајќи дека кога целиот свет се оградува од руската агресија врз една независна држава како што е Украина, кога цела Европа, целиот свет го осуди, единствено Апасиев го прима рускиот амбасадор во Собранието на државата, дали тоа не е праќање сигнал во јавноста дека зазема страна.
Ние имаме јасен став и визија дека од првичната определеба на нашата држава од осамостојувањето го чекориме патот за интеграција во ЕУ и НАТО, едната цел е остварена, на прагот сме на отпочнување на преговори да ја оствариме и втората наша цел како држава, истакна Костовски, додавајќи дека СДСМ ја испочитува резолуцијата, го зачува македонскиот јазик, идентитет, нема бугаризација.
Тој нагласи дека заклучоците на Собранието ќе имаат обврзувачки карактер за оваа и за секоја влада што ќе биде на чело на државата, да ги води преговорите достоинствено заштитувајќи го македонскиот идентитет, јазик, невлегување на историски настани во преговарачката рамка.
Ние не калкулираме, за нас најбитна е сигурноста и иднината на Република Северна Македонија, граѓаните да имаат извесна идндина, а не киднарпирана, сигурен сум дека граѓаните ќе го видат бенефитот, и во редовниот термин за избори 2024 година да се оцени дали СДСМ влечеле позитивни чекори и квалитетни политики, впрочем тоа беше и при влезот во НАТО имаше небулози дека ќе имало федерализација, кантонизација, казни за неучење албански јазик, се со цел, да се оспори, закочи, опструира, меѓутоа сето тоа се распука како меур од сапуница, ништо од тоа не се случи, има само конфискација на белиот дворец, заживување на правдата во државата, има светли денови за Република Северна Македонија во периодот што доаѓа пред нас, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Извор: СДСМ