spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Јавен повик за ангажирање на спасители/ки во Градски базен Велес, за...

Велес: Јавен повик за ангажирање на спасители/ки во Градски базен Велес, за 2022 година

Јавното претпријатие „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес, објавува јавен повик за ангажирање на два (2) спасители/ки во Градски базен Велес, за сезона 2022 година. Ангажирањето на 2 спаител(к)и  на градски базен е по јавно објавен повик на локалните медиуми, веб страната на Општина Велес и на огласни табли на Градски базен и Спортска сала „Гемиџии“ Велес.

Јавно објавениот оглас ќе трае 3 (три) дена во кои кандидатите/ките треба ја да поднесат следната документација:

  • барање,
  • копија од лична карта и
  • лиценца за спасител на вода.

Работниот ангажман на спасител/ка на градски базен за сезоната 2022 ќе биде со договор за извршување на автор – надворешен соработник – стручно лице за градски базен во Велес,  преку авторска агенција, секој работен ден од 09.00 до 19.00 часот.

Надоместот кој ќе се исплаќа на ангажираните лица е 900,00 денари нето износ за изработен ден, започнувајќи од 13.07.2022 година до 15.09.2022 година.

Барањата се поднесуваат во период од 07,30 до 15.00 часот во Спортска сала „Гемиџии“ или по пошта на адреса ул. Алексо Демнивески – Бауман бб, Велес.

 

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...