Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево бр.1/2018), Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, на седница одржана на 11.07.2022 година, одлучи да распише
К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКА НАГРАДА НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЗА 2022 ГОДИНА
1.Општинската наградата се доделува по повод денот на празникот на Општината 7 –ми Септември.
2. Општинската наградата се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Северна Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Северна Македонија и во светот.
3. Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ.
Наградата за правно лице се состои од плакета.
4. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево.
5. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи и кратка биографија.
6. Конкурсот трае 30 дена започнувајќи од ден 12.07.2022 година и трае заклучно до ден 10.08.2022 година, а предлозите за кандидати се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, со назнака “Предлог кандидат за доделување општинска награда”.
Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево
Претседател
Извор: Општина Делчево