spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: Младите сакаат да учат влашки јазик“, отворен летниот камп за влашка...

Крушево: Младите сакаат да учат влашки јазик“, отворен летниот камп за влашка култура

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се обрати на отворањето на летниот камп на влашката култура кој се организаира од Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ.

Влашкиот во Крушево се слуша насекаде. Во центарот на градот, во кафулињата и рестораните, во општината и во мојот кабинет. Но, претежно од повозрасни наши сограшани. Затоа денес се радувам што пред себе гледам многу млади и деца кои го изучуваат и зборуваат влашкиот јазик. Сигурен сум дека се чувствувате многу побогати со тоа што знаете влашки и се радувате на секој час по влашки јазик.“, изјави градоначалникот Христоски во поздравното обраќање.

На летниот камп кој се одржува од 13-ти до 17-ти јули во Охрид учествуваат и 28 деца од Крушево.

 

 

 

 

Извор: Општина Крушево

Прочитајте