На 2-ри август во с. Борино ќе се одржи турнир во фудбал заедно со музички настан по повод празникот Илинден.
На турнирот има обезбедено награди за најдобрите екипи и најдобриот играч и се повикуваат сите заинтересирани спортисти и екипи во и надвор од општина Крушево да се пријават за учество на турнирот.
„На големиот празник Илинден ќе има случување и во населеното место Борино. Заедно со советникот Хибрахим Хурем денес разговаравме за одржување на овој настан и истиот да стане традиција во ова населено место. Покрај поддршката која ја даваме за овој настан денес на организаторите доделив топка како едно симболичен подарок за турнирот.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.
Извор: Општина Крушево