spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Работна средба со Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики...

ДКСК: Работна средба со Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Грковска

На 15 јули 2022 година Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК),  оствари работна средба со Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска.

Средбата беше реализирана на иницијатива на ДКСК, а заради размена на мислења и ставови за тековни актуелни теми и утврдување на понатамошна соработка во насока на надминување на предизвиците.

На средбата се разменија информации за стекнатите искуства и научените лекции од реализираните посети и остварените средби во Република Италија, со институции надлежни за превенција и репресија на корупцијата.

Во однос на прашањето поврзано со проценката на ризиците од институционална корупција и обрската институциите да донесат годишни планови за проценка на ризици, од страна на ДКСК беше нагласено дека ДКСК има донесено Насоки за проценка на ризици од институционална корупција во Република Северна Македонија, кои институиите може да ги користат при донесувањето на годишните планови, а со цел постигнување на унифициран и напреден систем на проценка на ризици од институционална корупција.

Со цел обезбедување на побрза и редовна достава на закони кои се предмет на антикорупциска проверка на легислативата и ефикасна примена на софтверското решение за антикорупциска проверка на легислативата, беше потенцирана потребата од обезбедување на електронското поврзување помеѓу Владата на Република Северна Македонија и ДКСК.

ДКСК, на средбата, потсети на Анализата на дискреционите овластувања во неколку области, изработена во рамки на ИПА Проектот: Поддршка на државната реорганизација, Компонента 2: Дискрециони овластувања, и на заклучокот од третиот IPA II Секторски Мониторинг Комитет за демократија и добро владеење   одржан на 18.11.2021 година, каде се упатува Владата на Република Северна Македонија да изработи Акциски план за вметнување на препораките за подобрување на правната рамка за дискрециони овластувања во националната легислатива.

На средбата се разговараше и се разменија размислувања и за актуелни теми во општеството поврзани со борбара против корупцијата.

На крајот на средбата повторно беше потенцирана подготвеноста за соработка во насока на остварување на  заедничката цел – градење на одговорни и отчетни институции.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...