spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Модел за формирање прв Центар за социјални услуги во домот и...

МТСП: Модел за формирање прв Центар за социјални услуги во домот и заедницата во Општина Гостивар

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на презентација на моделот за формирање прв Центар за социјални услуги во домот и заедницата во Општина Гостивар, прв ваков модел на мултифункционален центар кој ќе  испорачува повеќе различни социјални услуги во насока на задоволување на потребите на лицата со попреченост и нивните семејства од Полошкиот регион. На настанот присуствуваа и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е Вероник Хулман, постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Арменд Григорјан, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика Ресми Ејупи и други гости.

Министерката Тренчевска го истакна значењето на секој направен чекор и секоја нова активност на полето на социјалната заштита кои придонесуваат кон олеснување на начинот на живот на ранливите категории на граѓани.

„Со создавање на нови и зајакнувањето на постојните човечки капацитети во заедницата и искористување на расположливите ресурси, придобивка ќе имаат граѓаните кои имаат потреба од нега и грижа, одмена на семејна грижа, рехабилитација, окупација, поддршка за независно живеење, окупација, активација и поддршка за вклучување на пазарот на труд,“ рече Тренчевска.

Постојниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, истакна дека креирањето можности за работа и социјална инклузија за ранливите и маргинализираните групи е еден од приоритетите на УНДП, при што активностите се спроведуваат со финансиска поддршка од Владата и Швајцарската амбасада.

„Заеднички работиме во формирање и воведување модели на социјални услуги кои ќе превенираат, активираат и поддржат ранливи категории што ќе доведе  со поефикасна активација на пазарот на трудот и зголемена стапка на вработеност,“ истакна Григорјан.

 

Согласно програмата за работа на овој центар, планирано е и воспоставување на верификуван тренинг центар за подготовка на здрава храна во поширокиот регион и ќе обучува по 25-30 лица секоја година како определен минимум. Она што е клучно е дека лицата ќе стекнат практични вештини во неколку области на кулинарството, со кои ќе можат да конкурираат на пазарот на труд и да најдат соодветна и добро платена работа во угостителскиот сектор.

 

 

 

Извор: Министерство за  труд и социјална политика 

Прочитајте