spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Склучен Меморандум за соработка со Народната банка на Република Северна Македонија

ДКСК: Склучен Меморандум за соработка со Народната банка на Република Северна Македонија

На 14.07.2022 година Државната комисија за спречување на корупцијата и Народната банка на Република Северна Македонија склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува заемна размена на искуства и знаења, добра практика, како и стручна консултација за прашања од заеднички интерес.

Меморандумот за соработка е резултат на долгогодишната успешна и отворена соработка помеѓу Државната комисија за спречување на корупијата и Народната банка, а во насока на спречување на корупцијата и судирот на интереси што е заедничка цел на двете институции.

Спроведувањето на одредбите на Меморандумот ќе биде многу значајно за двете институции, коишто преку директна и постојана соработка ќе придонесат за спроведување политика на нетолеранција на корупцијата.

За спроведување на Меморандумот претстојат заеднички обуки за јакнење на капацитетите заради унапредување на  професионалните капацитети на вработените на Државната комисија за спречување на корупцијата и Народната банка на Република Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте