spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Прием за првиот македонскиот освојувач на предизвикот Еверестинг

АМС: Прием за првиот македонскиот освојувач на предизвикот Еверестинг

Харис Беќири од Ростуше совлада несекојдневен спортски предизвик – „Еверестинг”, најтежок предизвик за качување во светот.

После неколку месечен интензивен тренинг, а по идеја на босански планинар, Харис Беќири, педагог и вљубеник во планината, решава да го оствари најтешкиот спортски предизвик.

Од Ростуше, преку водопадот Дуф, па се до Крчин обележува патека по која ќе се движи, истата ја поднесува електронски на веб страната на STRAVA, кои по неколкудневна анализа и проценка, одлучуваат да го одобрат и следат подвигот на Харис.
Со ова остварување, Харис станува 613 човек кој успеал да го оствари овој резултат, со таа разлика што тој освен качувањето, за разлика од другите, кои се симнуваат со жичара или со со автомобил, прави и деверестинг, односно се симнува пешки по истата патека.

Со поминати 91 км, за 30 часа и 15 минути, ја поминува патеката долга 2,6 км 34 пати, со четири контролни точки и лекарски преглед на секој петти круг.
Овој подвиг е подпомогнат од мештаните на селото Рустуше, а во стручниот дел беа вклучени дипломирани професори по физичка култура, медицински персонал, како и млади планинари-наследници на Харис.


Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски беше изненаден од остварениот подвиг, ветувајќи поинтензивна соработка со младите во овој регион, и вклучување на вакви екстремни спортски остварување во Европската недела на спортот, за која АМС има договор за соработка со Општина Маврово-Ростуше.

Концептот на Еверестинг е страшно едноставен: изберете кој било рид, каде било во светот и повторете го во една активност додека не се искачите на 8.848 метри – еквивалентна висина на Монт Еверест. Завршете го предизвикот на велосипед, пешки или онлајн и ќе го најдете вашето име во Куќата на славните, покрај најдобрите планинари во светот.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте