spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Оглас за лица во проектот „Изградба и опремување на 145 училишни...

МИОА: Оглас за лица во проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“

Проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“, кој се реализира во рамките на Министерството за образование и наука, има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.  Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.

Министерството за образование и наука има потреба од ангажирање на 3 (три) лица во проектната единица за имплементација на проектот на следниве позиции:

–        Супервизор – соработник за градежни работи(1 лице)

–        Супервизор асистент – соработник за градежни работи (1 лице)

–        Асистент за финансии-сметководител (1 лице)

 

Минималните критериуми кои треба да ги исполнува лицето на наведената позиција се следниве:

       I.          Супервизор- соработник за градежни работи (1 лице):

-Високо образование – студии од областа на градежништвото најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Градежен факултет), конструктивна насока ќе се смета за предност

-Најмалку 7 (седум) години работно искуство во струката

-Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

-Работа со компјутери (MS Office и AutoCAD)

-Возачка дозвола Б категорија

 

II.          Супервизор асистент – соработник за градежни работи (1 лице)

–        Високо образование –студии од областа на градежништвото или архитектура

–        Најмалку 1 (една) години работно искуство

–        Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

–        Работа со компјутери (MS Office)

–        Возачка дозвола Б категорија

 

III.          Асистент за финансии-сметководител (1 лице)

-Високо образование – економски студии најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС

– Најмалку 10 (десет) години работно искуство со буџетско сметководство

– Лиценца за овластен сметководител издадена од овластена институција

-Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

-Работа со компјутери (MS Office)

 

Покрај наведените критериуми за секоја од позициите избраните кандидати треба да ги поседуваат следниве вештини:

– Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

–  Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;

–  Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

–  Ориентираност кон странките/засегнати страни;

–  Стратешка свест;

–  Висока мотивираност за остварување на зададените цели и задачи.

 

Заинтересирани лица / кандидати потребно е да достават апликација кој содржи:

–        кратка биографија на македонски јазик (CV) и

–        писмо за изразување интерес на македонски јазик со назнака за која позиција аплицираат

 

Кратка биографија (CV) задолжително содржи податок за бројот на стекнати ЕКТС кредити за образованието или завршен степен на образование.

 

Нецелосните апликации, како и апликациите на лицата/кандидатите кои не ги исполнуваат минималните критериуми од овој оглас се одбиваат.

 

Апликациите треба да се достават најдоцна до 04.08.2022 година на mail vulnet.saliu@mon.gov.mk

 

Министерството за образование и наука го задржува правото на интервју со потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат минималните критериуми.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...