spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Минатата недела забележан благ пораст на бројот на нови случаи со...

МЗ: Минатата недела забележан благ пораст на бројот на нови случаи со КОВИД-19

Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата, при што беше заклучено дека минатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор.

Во овие услови, Комисијата не препорачува воведување нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните на совесно однесување и почитување на мерките кои се на сила, како што се: задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи. Од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски.

Останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на рацете, избегнување гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...