spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го следи и нотира ангажманот преземен од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуални наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението Иван Михајлов од Битола.

Цврста заложба на Министерството е сите вакви и слични примери да се решаваат институционално, согласно позитивните законски прописи на Северна Македонија, при што ги охрабруваме сите физички и правни лица  да ги искористат овие правни инструменти и механизми, во докажувањето на овие евентуални или било кои примери на дискриминација.

Тоа е право за секого, но и обврска за надлежните институции на државата, која е задолжена да ги почитува и штити правата и слободите на човекот и граѓанинот.

Што се однесува до присуството на Генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со седиште во Битола, г-дин Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека согласно Коненцијата за конзуларни работи, тој немаше право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата.

Г-динот Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика уште еднаш да ги охрабри сите граѓани да ги користат правните механизми за заштита од дискриминација, како примарен начин за заштита на своите права и слободи.

Министерството укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата која покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети, со цел да се одбегне било каква политизација во решавањето и заштитата на правата на физичките и правни субјекти.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...