Пред голем број на граѓани, гости, бизнисмени, новинари, советници, политичари, претставници од МПЦ, се постави камен-темелник на новата општинска зграда. Таа треба да биде со површина од 860 m2, а вредноста за нејзина изработка чини 29.600.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општината. Објектот треба да биде завршен за околу 6 месеци. Постоечката општинска зграда е изградена пред скоро 80 години и е непоправливо руинирана. Истата не овозможува непречено и нормално работење на општинската администрација со цел брзо и експедитивно излегување во пресрет на потребите на граѓаните, па поради тоа се јави потреба од изградба на нова општинска зграда.
На камен-темелникот присуствуваше и председателот на ВМРО ДПМНЕ – Христијан Мицкоски кој воедно во присуство на градоначалникот Борче Митевски, пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски и дел од советниците, направија обиколка низ населенето место Петровец. Разговараа со дел од жителите и одблиску беше запознаен со градежните активности околу поставувањето на пешачко-велосипедската патека која започнува од населено место Петровец а завршува до крајот на населеното место Ржаничино. Истата е со должина од 2.050 метри, со ново електрично осветлување и флуоросцентни столбчиња. Средствата за нејзина изградба во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и тие изнесуваат 16.500.000 денари и истата треба да биде завршена за 3 месеци.
Градоначалникот Борче Митевски продолжува со исполнување на предизборните ветувањата дадени пред граѓаните а кои се поврзани со инфраструктурните проекти.
Извор: Општина Петровец