spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Нови фотонапонски панели и на С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров’’ и О.О.У ,,Тошо...

Кавадарци: Нови фотонапонски панели и на С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров’’ и О.О.У ,,Тошо Велков Пепето’’

Се поставија фотонапонски панели и на последните два од вкупно десет општински објекти односно во С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров’’ и О.О.У ,,Тошо Велков Пепето’’ Кавадарци.

Да потсетиме дека Општина Кавадарци е меѓу првите општини која започна со реализација на овој проект ,,Поставување на фотонапонски панели на 10 Јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час’’.

Општата цел на овој проект е искористувањето на сончевата енергија и намалување на емисијата на штетни гасови и загадувањето на животната средина.

Во Кавадарци за првпат ќе се реализира ваков иновативен проект со кој ќе се придонесе за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните бидејќи овие фотонапонски системи работат на користење на обновливи извори на енергија.

Извор: Општина Кавадарци

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...