Владата на Република Северна Македонија по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на својата 66-та седница изврши измена на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година.
Со предложената измена се врши измена и утврдување на рокот до 31 август 2022 година, за поднесување на барања од земјоделсците за финансиска поддршка за подмерките 1.18 за оризова арпа предадена во регистрирани капацитети за откуп и за подмерката 1.19 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи.
Земјоделците со овие мерки добиваат по 3 денари од килограм за оризова арпа и јаболка од реколтата 2021, предадени во регистрирани откупни и преработувачки капацитет.
Измената на рокот се врши со цел да овозможи можност навремено сите земјоделски стопанства да аплицираат за искористување на оваа мерка. Го слушаме гласот на земјоделците, и креираме ефикасни мерки и политики кои ќе му помогнат на земјоделскиот сектор.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство