spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМПСОЗ: Реакција

МПСОЗ: Реакција

Почитувани,

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најостро ги демантира наводите дека вработените од ЈП „Комунална Хигинета-Скопје„ кои се отпуштени од работа се вработени според Програмата K5, Програма за правична застапеност, односно она што е предмет на нашата реакција.

Дополнително, сакаме да информираме дека планот за распределба на вработените според K5 Програмата е успешно реализиран.

Според планот на Министерство за политички систем а усвоен од Владата на Рepublika Severna Makedonija распределени се вкупно 1.349 административни службеници, од кои за 1.023 администратини службеници се реализирани трансфери, потоа за распределба на 137 административни служеници процедурата е во тек.

Во однос на преостанатите 162 административни службеници работниот однос е прекинат од разни причини, односно заминување во пензија, отказ од вработениот или од работодавацот итн.

Оттука, преостануваат уште 27 административни службеници кои се во фаза на распоредување во зависност од потребите на институциите и во корелација со нивните работни способности.

 

 

 

 

Извор: Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...