По донесувањето на нов генерален урбанистички план (ГУП), за градот Валандово, започната е постапка за изработка на два детални урбанистички планови и плански развој на градот.
Се работи за детално урбанистичко планирање на:
? Урбана единица 3, Блок 3.1, кој го опфаќа централното градско подрачје во проектен опфат од 12.72 хектари;
? Урбана единица 7, Блок 7.2, кој опфаќа простор во населба Странец со површина на проектен опфат од 5.57 хектари.
Деталниот план за Урбана единица 7, Блок 7.2, опфаќа намени за домување и инфраструктура, додека планот за Урбана единица 3, Блок 3.1 опфаќа намени за домување; комерцијално деловни објекти; јавни институции; зеленило, спорт, рекреација и меморијални простори; инфраструктура.
Преку рационално планирање на просторот и земајќи го предвид секој дел од општественото живеење, заеднички ги унапредуваме условите за живот и работа, ја заштитуваме животната средина, се зајакнува инклузивноста и трасираме пат кон развој на заедницата, на долг рок.
Извор: Општина Валандово