По втор пат градоначалникот Костадин Костадинов ги отвори вратите од неговиот кабинет во рамките на заедничкиот проект со Europe House Strumica „Градоначалник на еден ден“.
Со средношколката Ангела Витанова којашто денеска беше градоначалник на еден ден, заедно ги реализираа планираните активности.
Со овој проект, Струмица потврдува дека е општина пријател на младите и активно ги вклучува во нејзиниот развој.
Извор: Општина Струмица