Акцијата за обележување на пешачките премин се спроведува со цел поголема безбедност на пешаците во сообраќајот. Започнавме од Железара и Автокоманда, а во следните денови ќе продолжиме со обележување и на локалните улици низ останатите населени места, додека приоритет ќе биде даден на улиците во близина на училиштата и градинките.
Сообраќајната вертикална и хоризонтална сигнализација на локалните улици ќе биде оддржувана согласно утврден распоред.
Извор: Општина Гази Баба