spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со Министерот за информатичко општество и администрација, Алити

ДКСК: Средба со Министерот за информатичко општество и администрација, Алити

На 17 август 2022 година, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оствари средба со Министерот за информатичко општество и администрација г-дин Адмирим Алити.

Средбата се одржа на иницијатива на ДКСК, а со цел информирање на Министерот за отворањето на Тренинг центарот во рамки на ДКСК, кое што е предвидено за 22 август 2022 година, и чиешто формирање е поддржано од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

На средбата, од страна на претседателката и членовите на ДКСК  информирано e за планираните активности на Тренинг центарот во насока на спроведување на обуки на теми поврзани со законските надлежности на ДКСК од областа на спречување на корупцијата и судирот на интересите, заштита на укажувачите, интегритетот и друго, при што е наведено дека со обуките ќе бидат опфатени вработените во јавниот сектор и оттаму е неопходна соработката со Министерството за информатичко општество и администрација како матично министерство надлежно за стручно усовршување на вработените во јавната администрација. Исто така, беше посочено дека ДКСК има развиено и четири модули за е-учење, што би можело да бидат да бидат поставени и на електронската платформа за учење на МИОА.

Заеднички беше констатирана неопходноста за обучување на вработените во јавниот сектор за прашања поврзани со превенцијата и репресијата за корупцијата и судирот на интереси при што беше дискутирано и беа разменети идеи за начините на кои би се одвивале обуките во рамките на Тренинг центарот на ДКСК како и за опфатот на административните службеници кои што ќе бидат опфатени со истите.

Од страна на министерот Алити е искажана целосна поддршка за воспоставувањето на Тренинг центарот при што е нагласена подготвеноста за соработка на Министерството со ДКСК во процесот на спроведување на обуките на административните службеници и во натамошниот развој на Тренинг центарот.

На средбата, исто така, се дискутираше и за текот на активностите за изготвување на пакетот закони кои што се однесуваат на државната администрација чиешто изготвување е во тек. При тоа, беше дискутирано за одредени прашања и решенија кои што се предлагаат во истите во насока на отстранување на детектираните слабости како и воспоставување на професионална јавна администарција и нејзина поголема ефикасност.Oд страна на претставниците на ДКСК беше нагласено дека ДКСК дава целосна поддршка на сите процеси коишто одат во насока на зголемување на транспарентноста, одговорноста, професионализацијата и отчестноста во јавниот сектор.

На крајот, обострано беше истакнато задоволството од одржаната средба и подготвеноста да се продолжи со комуникацијата и соработката во иднина.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...