Со цел да се подигне нивото на јавна чистота, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа активности за миење на улиците во Стариот дел на градот.
Заради специфичноста на теренот, тешката пристапност и тесните улици, чистењето било извршено со мала цистерна.
Како дел од програмата за одржување на јавна чистота, ЈП „Охридски Комуналец“ врши секојдевно миење на улиците во централното градско подрачје, чаршијата и градскиот кеј, како и на улиците во сите населби, по претходно утврдена динамика.
Извор: Општина Охрид