spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Нова водоводна линија на улицата „Ѓорче Петров”

Охрид: Нова водоводна линија на улицата „Ѓорче Петров”

Екипи на ЈП „Водовод“ започнаа активности за реконструкција на старата и поставување на нова водоводна линија на улицата „Ѓорче Петров”.

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, со профили: Ф 110 мм во должина од 330 метри; Ф 90 мм во должина од 80 метри и Ф 63 мм во должина од 70 метри.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

 

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте