Минатата година, советничката група на Левица поднесе амандман за Буџетот за 2022 година, со цел одвојување на средства од буџетот на општина Аеродром за замена на јавното осветлување во парковите и меѓу зградите со соларни панели и со ефикасни ЛЕД сијалици.
Ваквата ефикасност дополнително би се зголемила со комбинирање на фотоволтаични ќелии.
На нашиот амандман од страна на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски беше одговорено дека таа идеја е одлична, но да се почекало да се оствари со финансии од ЕУ фондовите, со што амандманот беше одбиен од страна на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ.
Денес сме сведоци дека износот на средствата од европските фондови е 0 (нула) денари во ребалансот на Буџетот, а ефикасното јавно осветлување го нема.
Да се прифатеше предлогот на Левица, сега општината и жителите на Аеродром немаше да бидат „жртви” на наметнатото штедење поради кризата во енергетиката – со исклучување на јавното осветлување оваа есен/зима која претстои.
Извор: ЛЕВИЦА