spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаНадоместот за образовни асистенти за децата со попреченост во средните училишта дупло...

Надоместот за образовни асистенти за децата со попреченост во средните училишта дупло зголемен благодарение на Левица

*Обраќање на КАТЕРИНА ЈОВАНОВСКА, Совет на Град Скопје

Од оваа учебна година образовните и личните асистенти кои работат со деца со попреченост во средните училишта во Скопје, ќе добијат зголемен надоместок по усвоен амандман на советниците на Левица во Град Скопје.

Со овој амандман средствата наменети за образовни и лични асистенти кои што работат со децата со попреченост во средните училишта, се зголеми за дополнителни 1.500.000 денари или вкупно за оваа намена се предвидени 3.000.000 денари.

Со измената на Програмата за образование, иницирана од усвоениот амандман на Левица, а која што вчера беше изгласана од страна на советниците, надоместокот за образовни и лични асистенти за децата со попреченост во средните училишта во град Скопје, од 9.000 денари ќе се зголеми на 14.000 денари, а за секој дополнителен ангажман, надвор од предвидените 20 часа неделно, ќе следува и додаток од плус 4.000 денари, со што практично двојно се зголемува надоместокот, кој досега се исплаќаше за оваа намена.

„Досегашната пракса покажа дека многу деца со попреченост во средните училишта во Скопје, немаат образовни или лични асистенити, од причина што нема доволен број на асистенти. Една од причините за незаинтересирасноста и слабиот одзив на јавните повици за ангажирање на лични и образовни асистенти е нискиот надоместокот кој се одвојува за оваа намена и изнесува 9.000 денари. Сметаме дека зголемувањето на надоместокот за образовни и лични асистенти ќе биде стимул за што повеќе лица да се пријават на јавните повици за образовни и лични асистенти и дека со тоа ќе се обезбедат доволен број на асистенти, за секое дете со попреченост кое што има потреба да добие личен или образовен асистент“ – истакна Катерина Јовановска, член на Советот на Град Скопје од редовите на Левица.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МОН: Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за...

0
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и  53/16 ), член...