spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМакедонците во Албанија се етаблирана заедница, не може никој да ги бугаризира

Македонците во Албанија се етаблирана заедница, не може никој да ги бугаризира

„Нашите луѓе, односно Македонците во Албанија, се етаблирана заедница, има политичка партија, Македонска Алијанса за Европски Интеграции, имаше до минатиот состав, до скоро, политички претставник, пратеник во Собранието, има градоначалник Македонец во Албанија и сметаме дека така силно етаблирани не треба да се плашиме од никого, или од што било“- изјави вицепремиерот Маричиќ во вестите на „Канал5“.

Маричиќ потенцираше дека Северна Македонија има уставна обврска да се грижи за нејзините државјани и дека секогаш на Македонците во Албанија државата им помагала.

„Ако се сеќавате имаше отворање на училиште на македонски јазик таму, и тоа е дел од таа помош. Меѓутоа, тоа што некој, или група луѓе одлучиле да земат државјанство на некоја друга држава, па врз основа на тоа им пристапуваат и бараат поинакво изјаснување, сепак е обврска на секој човек, на секој граѓанин на Албанија, на пописот како што сака да се изјасни слободно“, истакна Маричиќ, додавајќи дека на оваа тема ќе разговараат и со албанската влада и изрази верување дека ќе се овозможи секој граѓанин на Албанија да се изјасни слободно за својата етничка припадност.

На прашањето за процесот на уставни измени, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ рече дека од аспект на Владата, содржински нема никаква пречка тоа да се направи, додавајќи дека нашиот концепт на Уставот и нашиот амбиент секогаш бил инклузивен за сите заедници.

„Ние ќе отвориме дијалог со сите политички партии, како Влада, но и со сите пратеници. Сметаме дека ќе има можност пратениците да се определат јасно дали се за продолжување на европскиот пат, дали се за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Или пак се за застој, враќање назад и отстапување од тој пат“, рече Маричиќ.

Околу почетокот на процесот на скрининг и дали е тоа истиот процес и за Албанија, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ изјави дека и подготвителниот скрининг го правевме заедно со Албанија  и во јули, првата сесија на скринингот, беше заедно со Албанија и дека процесот го  започнуваме на ист начин и со истите инструменти како и Албанија.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...