Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 5/02), а во врска со Програмата за култура за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 21/2021), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
О Г Л А С
за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје за учебната 2022/2023 година
Општина Центар-Скопје за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии за талентирани ученици од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
I Услови за доделување стипендија
Кандидатите да се редовни ученици во VI, VII, VIII и IX одделение во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Центар-Скопје
II Критериуми за доделување стипендија
Освоени награди од областа на културата (сите видови на уметност) од VI до IX одделение:
- I место градски (општински) натпревар (1 и 0,5 бода)
- I место регионален натпревар (1,5 бод)
- I место државен натпревар (2 бода)
- I или II место меѓународен натпревар (3 или 2,5 бода) и
- Наградите од нелиценцирани организатори на натпревари не се земаат предвид
- Се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот.
III Потребни документи
Со барањето кандидатите треба да достават:
- Потврда од училиштето дека кандидатот е редовен ученик
- Биографија на ученикот
- Фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на културата од VI до IX одделение.
IV Висина на стипендијата и рангирање
– Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година.
– За освоени од пет (5) до четириесет (40) бода висината на стипендијата изнесува 2.500,00 денари.
– За освоени повеќе од четириесет (40) бода висината на стипендијата изнесува 3.000,00 денари.
V Начин на пријавување
Потребните документи да се достават до Општина Центар-Скопје. Пријавите ги разгледува и по нив одлучува Општинската комисија формирана за овој конкурс.
VI Рок за поднесување документи
Рокот за поднесување документи е до 23.9.2022 година.
Нема да се разгледуваат некомплетните документи и оние што не се доставени навреме.
Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
Извор: Општина Центар