Болката на клептоманите од дезертерската СДС е што не можат да местат и да крадат од тендери.
Во општина Аеродром е разбиен монополот кој тие го создадоа во последните 4 години за набавка на ужина и топол оброк во основните училишта. Наместо една фирма која ќе го врши снабдувањето, воведен е нов модел со кој секое училиште заедно со советот на родители бираат каква храна ќе јадат нивните деца.
Очигледно ги погодило многу во СДС тоа што им е разбиена шемата преку која некој ќарувал профити на сметка на родителите и децата. Сега сите основни училишта во Аеродром имаат склучено договори и тоа е направено транспарентно.
Коруптивните зделки и сомнителните тендери на СДС се минато во Аеродром, оттука и нервозата во нивните лажни и тенденциозни соопштенија.
Извор: ВМРО ДПМНЕ