HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕБолката на дезертерската СДС е во тоа што не можат веќе да...

Болката на дезертерската СДС е во тоа што не можат веќе да крадат и да местат тендери во општина Аеродром

Болката на клептоманите од дезертерската СДС е што не можат да местат и да крадат од тендери.
Во општина Аеродром е разбиен монополот кој тие го создадоа во последните 4 години за набавка на ужина и топол оброк во основните училишта. Наместо една фирма која ќе го врши снабдувањето, воведен е нов модел со кој секое училиште заедно со советот  на родители бираат каква  храна ќе јадат нивните деца.
Очигледно ги погодило многу во СДС тоа што им е разбиена шемата преку која некој ќарувал профити на сметка на родителите и децата. Сега сите основни училишта во Аеродром имаат склучено договори и тоа е направено транспарентно.

Коруптивните зделки и сомнителните тендери на СДС се минато во Аеродром, оттука и нервозата во нивните лажни и тенденциозни соопштенија.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар вчера прегледани 197 пациенти...

0
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои...