Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во дебатната емисија „Објектив“ на МТВ, истакна дека Собранието функционира исклучиво благодарение на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и изрази надеж дека ќе проработи рационалноста и разумот и пратениците од опозицијата и ќе придонесат во работата на собранието за тоа што се платени.
Не можеме да го сфатиме неодговорниот пристап на опозицијата во законодавниот дом, кога за жал живееме во голема економска, енергетска криза, во која секој народен пратеник мора да даде придонес за поддршка и помош на граѓаните, но не сме сведоци на такво однесување на страна на опозицијата, истакна Костовски.
Пратеникот Мартин Костовски нагласи дека ова деструктивно однесување не е поддржано од граѓаните, што се виде на вонредните локални избори на 20 август, на кои ВМРО-ДПМНЕ изгуби во две општини и имаше голем пад на гласовите во третата општина, каде што се одржаа изборите.
Има пратеници што лично се срамат од вакво туркање од страна на Мицкоски, рече Костовски, додавајќи дека граѓаните гледаат филибастеринг, ниско ниво на дебата, последно на комисијата за избори и именувања при изборот на уставни судии.
СДСМ работи за департизација на судството, инстутициите, а опозицијата предлага партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и сака повторно судниците да ги направи партиски седишта, нагласи Костовски.
Тој додаде дека тешко е правото да го брани партија, чии поранешни и сегашни функционери се осудени на вкупно 150 години робија.
СДСМ преку сите законски механизми ќе избреме уставни судии, нема да дозволиме да се оствари целта на ВМРО-ДПМНЕ за целосно блокирање на системот, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во дебатната емисија „Објектив“ на МТВ.
Извор: СДСМ