spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЗаради неспособноста на градоначалникот Јовчески, прогаѓа проект од 100.000 евра

Заради неспособноста на градоначалникот Јовчески, прогаѓа проект од 100.000 евра

Секој нов ден од владеењето на градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО- ДПМНЕ на локално ниво, е нов доказ за нивната неспособност.

Прилепчани се непосредни сведоци на постојаното тонење на градот, на огромната нечистотија, на „кратерите“ по улиците, на партизација на институциите каде во континуитет се вработуваат партиски функционери на ДПМНЕ и нивни роднини и пријатели.

Зад сето тоа стои потписот на Борче Јовчески.

И не само што прилепскиот градоначалник во досегашните 11 месеци не успеа со општински пари да реализира ниту едно изборно ветување, туку неговото незнаење да ги реализира проектите за кои Владата веќе одобри средства, предизвикува сериозна загриженост кај граѓаните на општина Прилеп.

Впрочем, новиот директор на Гимназијата „Мирче Ацев“, Рубин Матески, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, деновиве реагираше дека заради неиздавање одобрение за градење од страна на Општина Прилеп, се доведува во опасност реализацијата на проектот за изградба на канализациона мрежа, за кои Министерството за образование и наука одобри 100.000 евра.

Директорот Матески рече дека нема објаснување зошто Општината и градоначалникот Јовчески не издаваат одобрение за градење, но истовремено предупреди дека ако проектот не биде реализиран до 25 декември, Министерството ќе ги повлече одобрените средства.

Доколку тоа се случи, единствениот виновник за пропаѓањето на 100.000 евра, ќе биде Борче Јовчески и неговата неспособност да ја раководи општина Прилеп.

Почитувани граѓани,

Во четирите години општинска власт на СДСМ, како никогаш порано, во Гимназијата „Мирче Ацев“ беа инвестирани еден милион евра, средства со кои од корен се смени ликот на прилепската Гимназија.

Покрај целосната реконструкција на покривот, комплетното малтарење и молерисување на фасадата, промената на дограмата, уредување на подрумскиот простор со отворање нови училници и санација на санитарните јазли, Гимназијата доби и нова котлара, лифт и тоалети за лицата со инвалидитет, комплетно обновен кабинет по информатика.

Сето ова придонесе за значително подобрување на условите за изведување и следење на наставата, за што можат да потврдат наставниците и учениците во Гимназијата.

За жал, неспособноста на градоначалникот Јовчески навестува дисконуитет во натамошните инвестиции во прилепските основни и средни училишта, но и во сите останати сфери на живеење на нашите сограѓани.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МОН: Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната...

0
Прочитајте и дознајте 👀👇  Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Република Северна Македонија Извор: Министерство за образование и наука...