Христијан Мицкоски уплашен за својата фотелја во белиот дворец, се крие од граѓаните и наместо да одговори на поставените прашања, тој преку неговите соработници шири лаги и невистини.
Мицкоски во јавноста го пушта Драган Ковачки, дезертер од Армијата и лице кое пред неколку години добило кривична пријава за фалсификување исправа.
Ете колку е очаен Мицкоски.
Негови соработници со сомнителен кредибилитет излегуваат во јавноста да шират невистини со цел да го дефокусираат вниманието од скандалот со тендерот вреден 136 милиони за кој Мицкоски упорно молчи.
ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија и дефокус од тоа, нема.
Извор: СДСМ