Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата за повеќе мерки.
Исплатени се 945 лица кои се корисници на мерката за директни плаќања кои одгледуваат женски приплодни грла- маторици и поседуваат минимум две грла маторици и истите ги чувале најмалку до 31.10.2021 година во износ од 14.093.787,00 денари.
За мерката директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети се исплатени 15 корисници со висина од износ 16.215.360,00 денари , а корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 1ви октомври 2020 до 30 септември 2021 година.
По основ на дополнителни директни плаќања од подмерката 2.17 за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици се исплатени 3 апликанти со износ од 320.000,00 денари.
За добиено теле по пат на B\O се исплатени 5 корисници кои се земјоделски стопанства одгледувачи на регистрирани говеда и се корисници од подмерката 2.1 од уредбата кои имаат оплодена крава\јуница по пат на B\O и добиено и регистрирано теле во период од мај 2020 – април 2021 година.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој