Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2022 година (среда), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.
Извор: Влада