spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити се сретна со неговиот колега од Романија, во рамки...

МИОА: Министерот Алити се сретна со неговиот колега од Романија, во рамки на конференцијата на ITU

Меѓу активностите на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити во Букурешт, беше и средбата со Себастијан Јоан Бурдуја – министер за дигитализација, иновации и истражување во Романија и воедно член на Парламентот на Романија.

На оваа средба, која се одржа во рамките на Конференцијата на ITU (Меѓународната телекомуникациска унија), министерот беше придружуван од г. Габриел Атанасов – Амбасадор на Северна Македонија во Букурешт и г. Јетон Акику – директор на Агенцијата за електронски комуникации.

На средбата се разговараше за актуелните состојби и проекти од областа на дигитализацијата и технолошките иновации, при што министерот информираше за посветеноста на МИОА во унапредувањето на дигиталните услуги, кои помагаат во ефикасноста на работата на институциите и истовремено обезбедуваат квалитет на услугите кон граѓаните.

Исто така, министерот Алити ги истакна напорите на Владата на Северна Македонија на патот кон евроинтеграциите и процесите што започнаа во насока на реформите, како клучен фактор што го отвора патот за постигнување на оваа цел.

 

Министерот Алити му се заблагодари на својот романски колега за конструктивната средба и договорена е постојана комуникација за утврдување на областите и можностите за соработка во иднина.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...