spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работен состанок и со шефот на канцеларијата на ITU за Европа

МИОА: Работен состанок и со шефот на канцеларијата на ITU за Европа

За време на престојот во Букурешт, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити имаше чест да се сретне и со Јарослав Пондер – шеф на канцеларијата на ITU за Европа, со кого разговараше за досегашната успешна соработка и проектите што ќе следат во наредниот период, поврзани со оваа соработка.

Меѓу темите на разговор беше и актуелната Конференција на ITU која се одвива во одличен формат, како настан кој ја одредува идната судбина на земјите-членки на Унијата во контекст на развојот на информациско-комуникациските технологии(ИКТ).

Алити и Пондер се согласија дека идните конструктивни состаноци и понатаму ќе продолжат да ги дефинираат чекорите и приоритетите во однос на технолошката трансформација.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...