spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Квалитетот на образованието е основа за развојот на човечкиот капитал

МОН: Квалитетот на образованието е основа за развојот на човечкиот капитал

Зајакнувањето на човечкиот капитал е еден од најголемите предизвици на земјава. Квалитетот на образованието е основа за развојот на човечкиот капитал, реформски процеси во националниот образовен систем, меѓутоа потребни се дополнителни инвестиции за подобрување на процесот на учење. Една од иновациите е националната процена  на тестирањето со што ќе се исполнат условите на следењето, еволуцијата на успехот на учениците во основните училишта на национално ниво.

Ова го рече заменик-министерот за образование и наука Љуљзим Алиу на национална конференција „Подобрување на системот за СОО во 5 региони – потенцијал и проценка на капацитетите на средните стручни училишта во регионите.

 

Тој, нагласи дека во стручното образование започна суштинска реформа со цел да се оформат млади луѓе кои се подготвени да ги пресретнат барањата на пазарот на трудот.

– Минатата учебна година во сите средни стручни училишта, имавме 97 дуални паралелки и повеќе од 1.400 ученици во истите. Оваа година имаме над 200 дуални паралелки и 2.700 ученици, лани имаше 250 вклучени компании, а годинава има над 400 компании вклучени во овој процес. Дел од промените што се преземаат со воспоставување на регионалните центри за стручно образование на национално ниво се насочени кон иновациска култура на регионално и национално ниво. Во фокусот е да инвестираме во развивање на заедници што учат со здружување на учениците, студентите, наставниците, професорите, родителите и бизнис заедницата, додаде Алиу, истакнувајќи дека во април годинава беше усвоен концептот за развивање на регионални центри за стручно образование и обука согласно стратегијата за образование 2018/2025 година.

Концептот, рече заменик министерот, беше подготвен на иницијатива на МОН, а започна преку спроведување на истражувања за образовната понуда и побарувачката на работни вештини на пазарот на трудот, а дополнително се одржуваа консултации со меѓународните и националните чинители.

– Преку кампањата „Учи паметно, работи стручно“ што во континуитет се спроведува изминативе две години се идентификувани локалните потреби за одредени стручни профили кои веќе се дел од уписната политика за средните стручни училишта. Токму во соработка со деловната заедница и Стопанската комора се повтори вредноста на концептот на дуално образование. Тоа е ефикасен и ефективен пристап за учење директно на работното место во компанијата што овозможува стекнување практично применливи знаења и вештини и создавање на добро подготвена работна сила за настап на пазарот на трудот веднаш по завршување на образованието, посочи Алиу.

Регионалните центри за стручно образование и обука, истакна замник министерот, може да играат суштинска улога за унапредување на образовниот систем со иницијативите за иновации, економски развој и конкурентност, а согледувањата од обемната истражувачка работа направена во проектот за петте региони – Скопски, Пелагониски, Источен, Југоисточен и Вардарски регион ќе претставуваат солидна основа за зајакнување на реформските процеси во делот на стручното образование и обука.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...