spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетинг7 здравствени придобивки од прегратките

7 здравствени придобивки од прегратките

Што е тоа кај прегратките што нè прави да се чувствуваме толку добро? Дали тие прават да се чувствуваме поврзани со другите? Или, нè потсетуваат колку сме безбедни и сакани како бебиња? Можеби, прават да чувствуваме топло, однадвор и одвнатре? Или, сè од ова што спомнавме погоре?

Науката зад прегратките

Дали прегратките навистина можат да ви помогнат да прескокнете посета на лекар? Да! Истражувањата покажуваат дека прегратките, од 4 до 8 на ден, имаат безброј бенефити врз целокупното наше здравје и добросостојба.:

1. Прегратките го зголемуваат нивото на сератонин, познат како хормонот кој прави да се чувствуваме добро и окситоцин, познат како хормонот на љубовта. Оваа комбинација на хормони е причината поради која толку уживаме во прегратките.

2. Ослободувањето на окситоцин има и смирувачки ефект, па оттука, прегратките го поддржуваат квалитетниот сон.

3. Преграките се форма на социјална поддршка, бидејќи ги штитат луѓето од подложноста на инфекции поврзани со стресот. Луѓето кои добиваат повеќе прегратки имаат подобар имунитет и се разболуваат поретко. А кога се разболуваат, имаат полесни симптоми.

4. Прегратките се добри за срцето. Тие го намалуваат крвниот притисок што води до подобро кардиоваскуларно здравје.

5. Прегратките ни помагаат да се поврземе со другите. Тие обезбедуваат чувство на безбедност, удобност, емпатија, среќа и доверба.

6. Во романтичните врски, преграките водат до помалку расправии. Прегрнувањето е поврзано со зголемена сигурност, подобра и поголема поддршка од партнерот, зајакната интимност и полесно решавање на конфликти.

7. Преграките се форма на лекување и можат да ги намалат симптомите на болка.

 

Преграките се многу важен дел од животот на луѓето

Допирот е многу важен за малите деца, бидејќи им помага да се поврзат со другите и е неопходен за здрав физички, емоционален и социјален развој. Прегрнувањето е важно и за нас возрасните и може да ни помогне да се избориме со чувствата на осаменост. Истражувањата покажуваат дека луѓето сместени во домови за сари лица, кои бил прегрнати повеќе пати на ден, имале повеќе енергија, се чувствувале помалку депресивно, повеќе се концентрирале и имале поквалитетен сон. Прегратките ни се потребни низ целиот наш живот.

Прегратките се здрави

Прегратките се моќна алатка за нашето здравје и добросостојба. Кога не се чувствуваме добро, потребно е само една прегратка за да ни се подобри расположението. Или малку галење со миленичето ќе помогне да се ослободат истите хормони како и при контакт човек на човек. Кога не се чувствувате добро, веднаш впушетете се во што е можно повеќе терапевтски прегратки и ќе видите дека ќе почувствувате многу подобро.

Што ако немате со кого да се прегрнете

Добри вести – не е неопходно да имате некого за да уживате во сите предности на прегратките. Ако сте сам/а, завиткајте ги рацете околу себе и испратете му порака на телото и мозокот дека сте сакани и безбедни. Прегрнувањето со мека играчка го има истиот смирувачки ефект. Или, завиткајте се во удобно ќебе, ќе се чувствувате како да добивате топла прегратка.

Особено, ако ќебето е Warm Hug ќебето од Dormeo, специјално дизајниран за да ви обезбеди топла, мека и удобна прегратка. Изработено е од напредни Wellsleep® микровлакна, кои се неверојатно лесни, воздушести и топли. Уникатната структура од воздушни џебови го заробуваат воздухот внатре, давајќи му на ќебето волумен и мекост.

Затоа, ако ви е потребна прегратка со физички и емоционални бенефити, прегратката на Warm Hug ќебето е токму тоа што лекарот го препиша. Особено, кога доаѓа во сет со перница, дизајнирана за да обезбеди идеална удобност за главата и рамената. Кликнете за Warm Hug тука.

 

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...