spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Договор за електронско користење на податоци со Централниот регистар

ДКСК: Договор за електронско користење на податоци со Централниот регистар

На 05.10.2022 година, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и директорката на Централниот регистар на Република Северна Македонија Марија Бошковска Јанковски потпишаа договор за електронско користење на податоци.

Согласно со договорот, Државната комисија за спречување на корупцијата, за потребите на своето надлежно постапување, ќе презема податоци од Централниот регистар на Република Северна Македонија во електронска форма, користејќи веб сервиси достапни преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги.

Електронското преземање на податоците од Централниот регистар на Република Северна Македонија ќе биде дел од новото софтверско решение на Државната комсијата за спречување на корупцијата чија изработка е во завршна фаза а кое опфаќа повеќе модули и тоа:  електронско пријавување на имотната состојба и интресите, регистар на избрани и именувани лица и електронска размена на податоци со повеќе државни органи и институции.

Со потпишувањето на договорот ќе се овозможи Државната комисија да прибавува потребни податоци со кои располага Централниот регистар во електронска форма без да доставува писмени барања, што ќе придонесе  во зголемување на ефикасноста и ефективноста во спроведувањето на нејзините законски надлежности, особено во делот на евидентирањето и следењето на имотната состојба и интересите.

 

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...