spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Се продолжува рокот за доделување еднократна парична помош за првачињата во...

Струмица: Се продолжува рокот за доделување еднократна парична помош за првачињата во новата учебна 2022/23 година

На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, општина Струмица за прв пат ќе додели еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче за прв пат запишано во учебната 2022/23 година со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на општина Струмица.

За остварување на ова право се поднесува БАРАЊЕ до Градоначалникот на општина Струмица.

Рокот за поднесување се продолжува до исполнување на предвидениот број или најдоцна до 15.12.2022. Со Барањето за остварување на еднократна парична помош за прваче се приложуваат следните документи (Листа на документи – ЛИНК):

  1. Потврда за запишан ученик во прво одделение за прв пат во учебната 2022/2023 година, заверена од основното училиште од територијата на општина Струмица
  2. Копија од лични карти од родителите/старателите на првачето
  3. Копија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите
  4. Изјава за давање согласност за користење на лични податоци  – ЛИНК
  5. Изјава за постојана адреса на живеење на територија на општина Струмица  – ЛИНК
  6. Барање за еднократна парична помош за прваче – ЛИНК
  7. Решение за продолжување на рокот за доделување еднократна парична помош – ЛИНК

Потребната документација да се достави до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа при општина Струмица секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

 

 

 

 

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...