spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Кучково добива водоснабдување - решен децениски проблем

Ѓорче Петров: Кучково добива водоснабдување – решен децениски проблем

Општина Ѓорче Петров го реши деценискиот проблем со недостиг на вода во с. Кучково. Одредена е локација на која преку бунар се обезбедени 4.8 литри вода во секунда.

Станува збор за повеќе од двојно вода за задоволување на потребите на селото, со што конечно се затвора голем урбанистички недостиг во овој дел на Ѓорче Петров и главен проблем кој со години наназад ги мачеше жителите на Кучково.

Следен чекор е пристапување кон конектирање со главниот цевковод. Општина Ѓорче Петров и во иднина останува фокусирана на решавање на урбанистичките проблеми на граѓаните и ставање крај на долгогодишни нерешени прашања.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЕП: Муртезани во ЕП на средби со европратениците Ројтен и Тонин

0
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен...