spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Времен режим на сообраќај при реконструкција на државен пат Р1109, делница...

Богданци: Времен режим на сообраќај при реконструкција на државен пат Р1109, делница Обиколница

Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека во текот на наредната недела ќе се започне со подготвителни активности заради реализација на пректот Реконструкција на Државен Пат Р1109, Делница обиколница на Богданци – прва фаза.

Предметната локација на патот од наведената делница ќе се третира како градилиште во кое ќе се реконструира истата, и ќе биде затворена за сообраќај, додека  сообраќајот за тешки товарни возила ќе биде пренасочен кон улица Маршал Тито во Богданци. Ваквиот времен режим на сообраќај подразбира и воведување на забрана за запирање и паркирање на возила на улицата Маршал Тито (на потегот од „Каменот“ до спојот со раскрсницата на ул.„Петар Мусев“), се до целосно завршување на градежните активности.

Се апелира до граѓаните да наидат на разбирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

 

 

 

Извор: Општина Богданци 

Прочитајте

МТ: Николоски – Даваме силна поддршка за Студеничани, преку Министерството за...

0
Министерството за транспорт дава силна поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Во општина Студеничани со средства од Министерството за транспорт веќе работиме...