Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари го пречека амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, неговата екселенција, Хиронори Севада.
Градоначалникот Арбен Таравари ги спомена и донациите на Амбасадата на Јапонија за болницата во Гостивар, а јапонскиот амбасадор Севада истакна дека овие донации чинат 233 илјади евра.
„Се работи за три донации: едната е во село Верток, центар кој е реновиран и им служи на граѓаните, особено на оние граѓани кои ги посетуваат постоечките пештери на територијата на општина Гостивар; вториот е исто така рендген апарат што се користи во Здравствената куќа во село Чегран и третиот е рендген апаратот кој беше дониран овде на Општата болница Гостивар минатата година, пред или за време на кризниот период со Ковид. а денеска од директорот на болницата добивме информација дека за тоа време бил голема поддршка за граѓаните и лекарите ангажирани во оваа болница“, изјави претседателот Таравари.
„Со оваа донација, Јапонија помогна да се обезбеди итна здравствена заштита и операција на белите дробови за пациентите со Ковид 19, бидејќи оваа болница беше и регионален центар за КОВИД за над 150.000 пациенти. Во 2021 година, ковидот беше водечка причина за смртност во Северна Македонија и Јапонскиот народ е горд што му помага на вашето население да има подобри здравствени услуги и тоа го правиме преку Јапонската програма за мали проекти и човечка безбедност (GGP) која е еден од нашите столбови за соработка со Северна Македонија“, изјави амбасадорот Савада.
На средбата исто така се разговараше за можностите за соработка во иднина меѓу општина Гостивар и јапонската амбасада.
Извор: Општина Гостивар